Сe уште не е пронајден сторителот кој ги труеше милениците во Пробиштип, градоначалникот Тоневски очекува случајот да се расчисти

Се уште не е пронајден сторителот кој ги труеше домашните миленици во Пробиштип. По бројни реакции од граѓани во општината, градоначалникот Тони Тоневски вели дека случајот е пријавен и се постапува, но истрагата е во надлежност на МВР и се уште е во тек.

Во изминатиот период беа забележани случаи на труење на домашни миленици на повеќе локации низ градот, вклучително и во централното подрачје. Граѓаните реагираат дека отров бил оставан и во дворови, па затоа и натаму бараат расчистување на случајот.

,,Имаше такви проблеми на територијата на Општина Пробиштип, во еден дел од градот. За тоа надлежно е МВР, бидејќи се работи на проблемот, постапката е во тек. Јас немам точни информации од сега дали е пронајден, меѓутоа до пред некој ден не беше пронајден тој што ги труе кучињата. Се надевам дека полицијата ќе ја заврши работата и во иднина нема да се лчучуваат вакви проблеми.“, кажа Тоневски

Тоневски, прашан дали од тогаш има вакви или слични случаи во градот, категорично кажа не. Се надева дека нема повеќе нема да има, а надлежните ќе си ја завршат својата работа.

,,Од тогаш, кога беше актуелно ова прашање, нема веќе ваква појава и се надевам дека и во иднина нема и да има.“, додава Тоневески

Oва не е прв ваков случај во источниот регион. Во изминатите години неколкупати исто беа регистрирани труења на животни.

Во Штип минатата година, покрај труење, беа забележани и вознемирувачки случаи на оставање шајки во колбаси, со што директно се загрозуваше безбедноста и на животните и на граѓаните.

Иван Митев, М-Нет