
Почнаа актвинсотите за формирање на интегриран оперативен центар за безбедност во сајбер просторот во рамки на УГД Штип, со главна поддршка на владата на САД. Центарот треба да биде место каде што треба да се обучуваат идните кадри во областа на сајбер безбедноста и во исто време да прерасне во оперативен центар за поддршка на активностите во полето на оваа област. Покрај ректорот Мираковски, меѓу присутните на настанот беа и в.д. амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс, министерката за образование Весна Јаневска, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, претставници на Влада.
,,Треба да биде центар каде што ќе се обучуваат идните кадри во областа на сајбер безбедност и во исто време да прерасне о оперативен центар , како активен центар за поддршка на активностите во полето на сајбер безбедноста. Свесни сме дека со денешното ниво поврзаност на дигиталниот и реалниот живот. Новите генерации ке имаат сериозни предизвици токму затоа преку спојувањето ан теориското знаење и практичното знаење ќе можеме да направиме навистина систем кој што ќе биде сво служба на општеството и посебна чест што УГД повторно ја докажува тоа дека не е само отворен универзитет, туку активен чинител во градењето во едно пзодраво општество.“, вели Мираковски
Министерката Јаневска од лицеместо на настанот, потенцираше дека во овој центар ќе се приклучат и Албанија и Црна Гора, со кои заеднички ќе се овозможи поголема отпорност на институциите кон дигиталните сајбер закани. Стефан Андовски, министерот за дигитална трасформација исто искажа задоволство за овој центар.
,,Промовираме нов центар за сајбер безбедност, заедчнки, регионален на кој ќе се приклучат и Албанија и Црна Гора, со кој ќе овозможиме поголема отпорност на институциите кон дигидалните сајбер заканите, но и ќе создаваме човечки капитал, стручни лица, кои ќе се грижат за нашата безбедност и за понатаму повторно образование на дополнителнителен човечки капитал. Она што е од значење е тоа што Македониај е препознаена како земја, која има капацитети, каде што ќе се наоѓа првиот регионален центар за сајбер безбедност во Западен Балкан.“, вели Јаневска
,,Исклучително е задоволството што ова е дел од стратешкиот дијалог со САД.“, кажа Андоновски
Кога е во прашање кој факултети и кој профили ќе учествуваан проректорот за настава и студенти при УГД , Сашко Коцевски, кажа дека покрај експертите на информациските техлоногии, ќе бидат вклучени и експерти од областа на правните и економските науки.
,,Сајбер безбедноста е малку поширок концепт и на истиов проблем ние постапуваме систематски. Кога прашуваме кој факултети и кој профили ќе учествуваат на едукацијата на овие кадри, морам да кажам дека ова не се само професори и експерти на информацкиските техонолгии, тука ќе бидат експерти од областа на правните, економските науки , ќе имаме и луѓе кои што се бават со електорника и т.н.“, кажа Коцевски
Инаку, настанот се реализираше во ректоратот на УГД Штип, а центарот се очекува да придонесе подобри услови во општеството.
Иван Митев, М-Нет