Верните „Фантоми Север“ со мобилизација: Кожуф ќе има голема поддршка за мечот со Шкендија Арачиново

Навивачката група „Фантоми Север“ се подготвуваа за силна поддршка на својот Кожуф, кој утре на Градскиот стадион во Гевгелија ќе го пречека фаворитот Шкендија од Арачиново, меч од 26. коло на Втората лига, а кој меч ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 16 часот.

Голем хендикеп за Кожуф ќе биде тоа што тренерот Иван Варадиновски и тренерот на голман Трајче Ников не ќе можат да го водат тимот, бидејќи имаат забрана за вршење на функцијата во траење од два меча по одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Тимот од Арачиново ќе мора да ја освои Гевгелија со цел да биде на чекор од првото место, во секој друг случај ќе биде чекор назад. Кожуф иако свесен дека ќе мора да ја спасува сезоната преку бараж и натаму има шанси за директен опстанок, барем математички, но ќе мора да ја добие утре Шкендија Арачиново.

Атмосферата во Гевгелија веќе „зоврива“, а навивачите започуваат со своја мобилизација во 13:30 часот во „Виолета Парк“, а од таму заедно доаѓаат на стадионот.

Преносот од мечот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново започува во 16 часот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет