Врсничко насилство во училиштата, граѓаните категорични – проблемот доаѓа од дома

Се почести случаи на врсничко насилство во училиштата, најтивките деца остануваат со длабоки трауми и сериозни психолошки последици. Пред само два дена, малолетно девојче од Кочани беше жртва на брутално малтретирање од свои соученички — не само физички, туку и преку навреди, закани и вознемирување на социјалните мрежи и по телефон. Граѓаните едногласни, коренот на проблемот лежи во домашното воспитување, а ваквото однесување, велат, е јасен сигнал дека нешто не функционира зад затворени врати дома.

Вакви или слични случаји порaно, граѓанитe тврдат дека или немало или билe исклучоци, сега не. Изместени се вредностите, додаваат тие

Инаку, граѓани бараат психолозите и педагозите во училиштата да бидат повеќе активни. Да работат редовно со децата. Само така велат може да се намали бројот на ваквите случаи.

Иван Митев, М Нет