Велигденскиот пост избледува, се помалку млади ја почитуваат оваа традиција

Велигденскиот пост избледува, се помалку млади ја почитуваат оваа традиција. Велигденскиот пост како еден од најзначајните периоди во православната традиција поврзан со Велигден, со децении претставува важен дел од духовниот и секојдневниот живот на верниците. Сепак, сведоштвата на граѓаните од Штип покажуваат дека начинот на негово практикување значително се менува низ генерациите. Додека постарите се сеќаваат на строг пост, исполнет со дисциплина и целосно воздржување од мрсна храна, денешните помлади генерации често имаат поинаква практика кон оваа традиција.

„Па постам, но петок и среда, Велигденските не. Здравствено не сум добар, затоа. Посте повеќе, сега младите не знаат што е пост ниту ништо.“

„Младите повеќе не постат, инаку во минатото по цел месец не јадеа мрсна храна.“

„Старите повеќе постеле, сега младите не знам дали постат или родителите постат и за нив.“

„Па има доста и млади кои постат.“

Анкетираните додаваат дека нема значителна разлика во цените меѓу посната и мрсната храна, нагласувајќи дека денес може лесно да се најдат различни производи во зависност од изборот на исхрана.

„Најубаво е да си намачкаш нешто на лебче.“

„Зависи од храната, обичната храна не е таа храна што беше едно време.“

Сега повеќе постат, инаку таа генерација немаше ниту верба во Бога.“

Не би рекла, може да се најде и од посна и од мрсна, зависи кој како се исхранува.“

„Е не е поскапа, мора се да е посно.“

Иако традицијата е се уште присутна, начинот на нејзиното почитување се менува, при што секој поединец го прилагодува постот според сопствените услови и верувања.