
Кога лагата станува секојдневие, Први април го губи своето значење. Први април, некогаш симбол на чиста шега, смеа и дружење, денес за многумина го изгубил својот вистински сјај. Анкетираните граѓани велат дека овој ден повеќе не е тоа што бил, порано шегите биле безазлени и искрени, а сега често се претерува и лагите знаат да имаат сериозни последици. Со доза на носталгија, тие раскажуваат случки од минатото кога Први април бил ден што се чекал со нетрпение. Денес, како што велат, не се чека овој датум, уѓето лажат секој ден, па шегата го губи своето значење.
„Стално сме излажани. Не да лажеме, не лажат секој ден. Цело време чекаме нешто подобро, цело време не лажат.
„Па сошто да не е дозволена? Газдите лажат и ние ќе лажеме.“
„Тие лаги што беа, тие веа без последица, сега лажат луѓето со големи последици.“
Како што велат анкетираните, денот зависи од околината. Доколку си во добро друштво и опкружен со позитивна енергија, денот ја добива својата магичност.
„Зависи многу од друштвото, доколку се позитивни луѓето околу тебе, си весел. Така паметам. Секој ден, има луѓе што секоја втора реченица им е лага.“
„Па не сум осетила дека некој ме лаже. Па повеќе се шагуваа на времето, сега нема толку.“
Први април за многумина го изгубил духот што некогаш го имал. Наместо ден на добронамерна шега и смеа, сè почесто се доживува како продолжение на секојдневието во кое лагата е дел од истото.
Дајана Сандева, М Нет