Штипските „Соколи летаат“ по нови бодови, дерби на Вардар и Борец Баскет

Кошаркарите на Соколи утре ќе имаат полесна задача против Водно Санс за продолжување на победничката форма во плеј-офот на Првата лига. „Соколите“ утре во Скопје ќе летнат со цел да го својат целиот „плен“ во меч од 3. коло против тим кој е во долниот дел на табелат и со послаб квалитет, но сепак, штипјани нема да одат со потценување на противникот и со цела почит ќе се води борба на теренот за уште една сигурна победа за Соколи.

Натперварот се игра утре во „Градски парк“ во Скопје со почеток од 19:30 часот.

Утре ќе има и дерби меѓу Вардар и Борец Баскет каде и двете екипи се без право на грешка ако сакаат да останат во сериозна трка за првата позиција.

В недела на програмата ќе бидат два натпревари. Мега Баскет после поразот во Штип ќе бара враќање на победите против Струмица во уште едно дерби, а пак Охрид мора да го добие Бутел како последна шанса за сериозен приклучок за првата позиција.

Во плеј-аутот каде се разигрува за опстанок ќе има три натпревари. Црн Дрим на домашен терен ќе се обиде да се врати на победи после поразот во Струмица против Спортисимо, а пак дерби меч ќе има меѓу двете водечки екипи Тетекс и Овче Поле.

Ролинг од Струмица ќе оди по триумф над Младинец во гости со цел потврда на опстанокот во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет