Бесплатно мерење на крвниот притисок, нудеше Црвен Крст на пазарот во Штип, граѓаните доаѓаа

По повод неделата на срцевите заболувања, денеска Црвен Крст Штип нудеше бесплатно мерење на крвниот притисок и совети за заштита на сопственото здравје на сите минувачи на пазарот во Штип. Тимот акцијата ја започна уште во 9:30 минути, а како што истакнаа, таму ќе бидат во текот на целиот ден . Интересот е голем, велат претставниците на Црвен Крст и апелираат секој кој е во можност да отиде на проверка

Граѓаните велат, акцијата е им е од големо значење, подобро навреме, отколку покасно да се реагира. Пет минути контрола денес може да значат години повеќе, додаваат тие од лицеместо на акцијата.

Инаку, акцијата привлече поголем број на граѓани, кој чекаа за да го проверат својоткрвен притисок и да се советуваат за тоа како истиот да го нормализираат, со оглед фактот дека ни доагаат променливи температури.

Иван Митев, М-Нет