
Мечевите од 17. коло на Првата ракометна лига се играат овој викенд. Утре во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу Текстилец УГД и Партизан од Гевгелија, каде штипјани целат само на три бодови со цел да може да прогресираат на табелата.
Партизан ќе се обиде да ги освои бодовите во градот под Исарот, но тоа не гарантира напредок на табелата, бидејќи ќе има 13 бодови и ќе биде на деветто место, односно веднаш за Текстилец, но ќе се зацврстува во средината од табелата.
Натпреварот во Штип кој се игра утре ќе започне во 12 часот.
Утре Аеродром ќе биде домаќин на фаворитот Мулти Есенс, каде тимот од Автокоманда оди само по победа со цел да го следи непоразениот лидер Младост од Богданци, кој пак на домашен терен како фаворит ќе го пречека тимот на Македонија ЃП.
Утре, Кичево како домаќин ќе игра во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид против тимот на Овче Поле од Свети Николе. Екипата на Кичево домашните мечеви ќе ги игра во Охрид се додека не се нормализираат условите во градот после поплавите од обилните врнежи од дожд, бидејќи салата „Христо Узунов“ е предводена во пункт каде се сместени загрозените семејства од големите поплави.
В недела Шампион на домашен терен ќе игра против Преспа и ова ќе биде дерби од дното на табелата. Вардар Неготино ќе гостува во Гостивар каде ќе се соочи со Јехона.
Во рамки на оваа коло слободн е екипата на Драчево Јуниор.
Александар Ванев, М-Нет