Тепсија баклава чини 2000 денари пред Прочка, да се купи или да се подготви дома ?

Тепсија баклава чини 2000 денари пред празникот Прочка, па останува дилемата дали да се купи или да се подготви дома. Повозрасните граѓани на терен во Штип велат поисплатливо е да се подгтови дома, ем евтино, ем квалитетно. Во трка со времето, оние што нема да можат да подгтоват дома, ќе треба да си купат од продавница. Но, и едните и другите се согласни, традиционална баклава по стар рецепт, мора да има на трпезата во недела.

Инаку, баклавата е традиционален десерт, кој секогаш верниците го подгтовуваат за празникот Прочка. Се верува дека баклавата и портокалот се симболи за прошка. Портокалот симболизира злато, поради бојата. Се верува дека многу одамна имало еден сиромав човак, кој имал три ќерки. За да не останат на улица, Светиот Никола им подарил три златни топки, па од таму останала практиката на овој празник да се подаува портокали.

Иван Митев, М-Нет