По две седмици в сабота продолжува маршот за ангелите во Кочани

По две седмици, продолжува маршот за ангелите во Кочани. В сабота на 21 февруари, родителите на починатите деца од кочанската дискотека Пулс ги повикаа граѓаните да им се придружат на тивок марш, обединети со иста цел вистинска правда за секој млад животи, како и одговорност за секоја неправда.

„Сабота, 21 февруари 2026, во 15:05 часот

Маршот на ангелите, достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда.

Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања. Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни и дека секое изгубените животи нè обврзуваат на упорност. Вашето присуство е важна поддршка. Да одиме заедно достоинствено, тивко, но одлучно.“, велат од Здружението

Инаку, во кочанската дискотека пулс животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Родителите и понатаму истакнуваат дека ќе се борат докрај за нивната правда.

Иван Митев, М-Нет