
Прволигашот Силекс продолжува со засилувања во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во тимот од Кратово е напаѓачот Александар Мишов.
Дваесет и седумгодишниот офанзивец во Силекс пристигнува од редовите на ГФК Тиквеш, а од клубот очекуваат со своето искуство и напаѓачки квалитет да донесе поголема ефикасност во офанзивниот ред на „сино-црвените“.
Мишов зад себе има богата кариера, настапувајќи за повеќе домашни клубови, меѓу кои Академија Пандев и Борец, а има и интернационално искуство играјќи за Самтредија во Грузија, Етар во Бугарија и Туран во Казахстан.