Меѓународен карате турнир „63 ангели 2026“ во Кочани со хуманитарен карактер

На 28 февруари во Кочани ќе се одржи Меѓународен карате турнир насловен како „63 ангели 2026“ кој ќе има хуманитарен карактер.

Организатор на овој турнир е карате клубот Партизан од Кочани со поддршка на македонската карате федерација, а истиот ќе се одржи во спортската сала при ОУ „Никола Kaрев“ со почеток од 10 часот.

Овој меѓународен турнир е во чест на прерано починатите ангели од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи на 16 март 2025 година.

Александар Ванев, М-Нет