
На 31.01.2026 година во 00:35 часот на улица “Гоце Делчев” во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.П.(23) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле „ауди“ со регистарски ознаки од Макдонска Каменица, кое го управувал Б.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило.