
Женскиот фудбалски клуб Кочани кој е повратник во Првата женска фудбалска лига го очекува тешка пролетна борба за опстанок во елитата. Тимот не одигра во есенскиот дел според посакуваното па презимува на дното заедно со екипата на Топ Гол од Битола со по четири бодови.
Овие две екипи ќе бодат тесна трка да се избегне последното место кое директно води кон испаѓање во Втора лига, а притоа да се обезбеди претпоследното деветто место кое води кон баражот за опстанок.
Вардар е осми со осум бодови четири повеќе од овие две екипи, но тимот е значително засилен и не би имал проблем да ги добие Кочани и Топ Гол и да го потврди опстанокот. Речица пак е седма со десет бодови и овој тим има плус шест бодови предност и можност за помирна завршница.
Вардар и Речица во пролетниот дел ќе се борат за седмата позиција како можност сезоната да се заврши повисоко на табелата, бидејќи останатите екипи имаат голема бодовна разлика која е недостижна.
Повеќе од јасно е дека Топ Гол и Кочани ќе имаат тешка мисија за опстанок. Тимот кој ќе биде деветти ќе игра бараж за опстанок со тимот кој ќе биде на второто место во Втората лига, а за таа позиција ќе се борат Билјанини Извори од Охрид и Порече од Македонски Брод, додека пак Конзули сигурно се враќа во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет