
Брегалница денес го претстави своето трето зимско засилување – станува збор за Костадин Капсаров, кој доаѓа од редовите на Беласица.
Новото засилува ја зголемува конкуренцијата во офанзивните редови. Неговата природна позиција е крилната позиција, се служи одлично со двете нозе, а посилна му е левата.
20-годишниот Капсаров покрај за Беласица има настапуивано и за Брера Струмица, Кожуф и за Детонит Плачковица од Радовиш.
Брегалница претходно се засили со Јорданчо Наумоски и Бојан Рајков. „Сините“ под водство на исксуниот стратег Влатко Костов работат под „полна пареа“ за пролетниот дел од сезоната, во кој Брегалница ќе цели кон влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет