
Општина Штип преку соопшение информираше дека распишаниот јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на територија на општина Штип е продолжен до 30 јануари.
На овој начин се добива на време за сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат на истиот да ја подготват соодветната документација.
Во продолжение услови по кои сите заинтересирани може да аплицираат на овој јавен повик:
- Годишна Програма за работа и функционирање на спортскиот клуб, односно спортското здружение;
- Планот за реализација на проект од особен интерес на спортот во општината (за спортските институции);
- Програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација или приредба (доколку се аплицира за спортска манифестација или приредба);
- Доказ за регистрирана дејност;
- Решение за вршење дејност спорт, издадено од страна на Агенцијата за млади и спорт (за професионални спортски клубови);
- Копија од тековна состојба на субјектот, издадена од Централен Регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци);
- Овластување за застапување издадено од одговорно лице на субјектот;
- Телефон за контакт, адреса и е-маил адреса;
- Трансакциска сметка;
- Информација за начинот на кој се финансирале во изминатите три години (генерален спонзор, повеќе спонзори, финансирање по пат на наплатување на тренажен процес – членарина; (доколку апликантот е регистриран повеќе од три години));
- Информација за тоа каде субјектите ги извршуваат тренажните и натпреварувачките процеси, како и условите под кои ги користат: наем на сала, доделена сала на користење од Општина Штип, објект во сопственост на субјектот; за кој редовно плаќа режиски трошоци во изминатите три години; (доколку апликантот е регистриран повеќе од три години);
- Доколку спортските субјекти со своите програми учествуваат во натпреварувачки лиги организирани од соодветната федерација, да се достави информација за степенот на натпреварувањето, како и евентуално за учество на натпревари од меѓународен карактер, да се нагласат спортските успеси на спортските субјекти во последните три години, поткрепени со докази од соодветните спортски федерации или други спортски институции; (доколку апликантот е регистриран повеќе од три години);
- Информација за пионерско-младинските школи (доколку ги имаат организирано), да достават нивна програма за тековната година, како и да ги нагласат нивните спортски резултати во изминатите три години, поткрепено со доказен материјал од соодветните спортски федерации и државни спортски институции.
Постапката за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и доделување на материјална поддршка за организација на спортски манифестации ја спроведува Комисијата за доделување материјална помош на спортски клубови, спортски здруженија, спортски институции и поддршка на спортски манифестации согласно одредбите на горе наведениот правилник.
Повеќе информации можете да добиете на самиот јавен повик.
Александар Ванев, М-Нет