
Студот се враќа пред Водици, следува кратко заладување и врнежи. Од викендот се очекува спуштање на постудена воздушна маса од североисток, која ќе донесе зголемена облачност и пад на дневните температури. Иако утринските температури ќе бидат нешто повисоки, на повеќе места тие ќе останат под нулата. На повисоките места можно е слабо провејување на снег, а на пониските се очекува дожд. Студеното време ќе продолжи и во почетокот на наредната седмица, токму во пресрет на празникот Богојавление – Водици.
,,Веќе во деновите од викендот се очекува големена облачност, а тоа значи дека и утринските температури ќе бидат повисоки. Нема да имаме толку ниски температури, иако се уште на места ќе останат под нулата, меѓутоа и дневните во деновите од викендот ќе опаднат, како и почетокот на наредната седмица, бидејќи ќе имаме спуштање на постудена воздуѓна маса од североисток која што ни доага и ќе предизвика зголемена облачност. Можни се појави на слаби врнежи од снег на повисоките, а дожд на пониските места.“, рече Ризова
Повисоки дневни и утрински температури синоптичарите велат ќе има во средината на следната седмица. Според сегашните материјали како што истканаа, овој студ ќе биде краток
,,Според сегашните материјални, следната седмица ќе имаме повеќе облачно време со почести врнежи, меѓутоа интензивни не. Температурите ќе бележат благо покачување во деновите од следната седмица. Значи постудени денови преку денот ќе биде во деновите Од овој викенд, како и првите денови од следната седмица, а потоа не очекува покачување на температурите.“, додава Ризова
Покрај што не очекуваат пониски температури, сепак индексот на воздухот останува висок. Во моментот истиот изнесува 112 ниво Штетно за здравјето, што значи дека лицата од чувствителните групи може веднаш да ги осетат ефектите врз здравјето. Здравите лица може да имаат тешкотии при дишењето и иритација на грлото со продолженото изложување. Се апелира на ограничување на активностите во природата.
Иван Митев, М-Нет