Декемвриските сметки за струја се високи за штипјани

Декемвриските сметски за струја високи до плафон, велат анкетираните граѓани во Штип. За дел од нив оправдано, бидејќи како што додаваат се грејат на струја, но друг дел децидни дека живеат сами, а сепак добиваат високи сметки за електрична енергија. Дополнително на ова ако се додадат давачките за вода и телефон, па и трошоците на лекови, тешко се преживува месецот. Високи сметки очекуваат и оние кои што се уште не ги добиле, бидјеќи како што велат, изминатиот месец имаше доста празнувања.

За да го поминат месецот, штипјани велат греењето го комбинираат и со струја, но и со дрва. Важно е ќе речат колкав простор загреваат граѓаните, колку по мал, толку подобро, поинаку, не бидува.

Штипјани сметаат дека дополнителнен удар им се цените во маркетите, кој бележат пораст, а потоа и секојдневните потреби, кој секогаш неможат да си ги дозволат.

Иван Митев, М-Нет