Штип претворен во новогодишна бајка, еден месец градот во духот на празниците

Штип се претвори во вистинска новгодишна бајка. Украсени улици, елки, агли во централното градско подрачје, кои од вчера создадоа магична атмосфера што ги вовлече штипјани во духот на празниците. На улицата Ванчо Прќе – добро позната како „едносмерна“ – започна и новогодишниот базар, кој ќе трае цел месец, а во дрвените куќички ќе се нуди топла храна, греано вино, слатки деликатести и уникатни новогдишни украси. Граѓаните и оваа година пријатно изненадени и како што велат за нашата телевизија воодушевни за целото ремек дело, кое им изнудува многу радост и насмевка на лицата. Велат оваа новогидшна магија посебно ќе биде од суштинско значење за најмалите, кои уште вчера, броејки од 10 до нула ја осветлија елката на градскиот плоштад и ги посакаа своите желби од дедо Мраз. И оваа година како што најавуваат од Општина, на шеталиштето Ванчо Прќе се очекува да има голем број музичари, комичари, актери, пеачи и аниматори се со цел да бидат задоволени сите категории граѓани. Покрај во деновите до нова година, потенцираа дека ќе има и дочек на нова година. Пауза за ракија ќе ја предводи новогодишната ноќ , а Блу бенд ќе ја започне забавата, со што весело граѓаните ќе ја пречекаат новата 2026. Во пресрет на празниците, Општината ги повикува сите заинтересирани граѓаните да повелат и да уживаат во магијата, која е преридена за сите штипјани.

Иван Митев, М-Нет