
Во наредните два дена штипскиот Суд ќе носи одлуки за две кривични дела, обид за убиство и убиство. Судењата се веќе закажани, по што ќе им се суди на зет и син, кои во август годинава извршија кривични дела.
Првото судење ќе се одржи утре со почеток од 10:30 часот, а ќе му се суди на зетот кој се одбие да ги убие родителите на неговата сопруга. Во петок пак на 5 декември во штипскиот суд ќе му се суди на синот кој ја уби својата мајка.
Претходната недела во Штип започна судењето и за убиството на турскиот државјанин на плоштадот во Штип. Одбраната на петмината осомничени побара убиството да биде калсифицирано како „убиство на миг“, а рочиштата продолжуваат на 19 декември.
Во Штип за нешто повеќе од една година се случија три убиства, а овде е и обидот за убиство. Во првиот случај кога беше убиена младата штипјанка Пешева, судот на убиецот му изрече казна доживотен затвор.
Станува збор за три семејни насилства, односно фемициди, каде се убиени жени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет