Третолигашот Еуромилк ГЛ меѓу првите кандидати за бараж за Втора лига!

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ е меѓу првите фаворити за обезбедување на место во баражот за Втората лига. Тимот од Горно Лисиче е непоразен лидер во Трета лига – Север, односно есенски шампион и како прв ќе презими и во пролетниот дел ќе треба да ја потврда одличната игра од есенскиот дел за го потврди првото место и со тоа да игра во баражот за враќање во Втора лига.

Еуромилк ГЛ со учинок од 12 победи и едно реми е прв со 37 бодови на своето конто, а пак втор е БВК Коњаре со 32 бодови, поранешниот прволигаш има дури пет бодови повеќе од вториот тим, односно Еуромилк ГЛ има најголема бодовна предност од сите лидери во Трета лига.

Целта на Еуромилк ГЛ е враќање во Втора лига, а потоа консолидирање и можност тимот да се врати и во елитното друштво како во старите добри времиња кога екипата играше во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет