Фудбалерката на Каменица Саса, Ана Димитровска најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига

ФОТО: Александар Ванев

Заврши есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига, екипата на Скопје е есенски шампион, а најдобар стрелец е Ана Димитровска, капитенот на Каменица Саса постигна 19 погодоци и со тоа е убедливо најдобар стрелец во елитата.

31-годишната фудбалерка зад себе има одлична полусезона, со дури пет погодоци повеќе од Емили Митковска, фудбалерката на Речица постигна 14 гола и со тоа е на второто место на листата на најдобри стрелци.

Со 12 гола Кристина Петрушевска која го носи дресот на Истатов е трет најдобар стрелец, додека пак Мариан Огочукву Охадиве од тимот на Љуботен има 11 гола. Со двоцифрен број на постигнати погодоци односно вкупно десет е Туане Де Соуза Франгосо од тимот на Каменица Саса.

По осум гола имаат дури четири фудбалерки, Рабија Дервиши која е најдобар стрелец на Скопје, Хава Мустафа од Љуботен, Мелани Грозданова од Љуботен и Гилхермино Салино Тарантино Ана Беатриз од тимот на Ас Јунајтед, а пак по седум гола имаат Јована Каралиоска од тимот на Скопје и Елена Симјанова од Љуботен.

Во пролетниот дел трката за титулата ќе ја водат лидерот Скопје и актуелниот шампион Љуботен кој е втор.

Александар Ванев, М-Нет