
Убави круши, сливи, грозје и кајсии ѕрѕелии најмногу успеваат на штипска почва, почнувајќи од Новосело па се до нивите во Суитлак.
Стариот штипјанец Киро Маџунаров со внимателност ги следи овие сорти и искуство, прецизно знаејќи што им е потребно за добар род. Тој вели дека секој плод треба се следи од блиску, а правилната нега и водоснабдувањето се клучни за богат и сочен род. Годинава тој ја отценуваат како добра, иако врнежи ова лето слабо имаше.
,,Највеќе успева, како што знам јас од време ситни круши, кајсии ѕрѕелија, а лозите најпознати за овој крај жта шрачка, смедервка, хабурк, па и други. Италијанката исто, но таа не се прска, не се крои. Дива е. Лозјата сега мируваат, штом падне листот. Ноември, декември, јануари, февруари. Таму после Св. Трифун ќе започне кроењето, а тие што имаат многу површина, почнуваат уште сега. За Штип и штипско имам јас контакти и со новослескиот дел и Плуждинскиот што е малку по сушен, додека горе Суитлак е другаче. Без вода можеме да зборуваме што сакаме, но без неа нема род.“, рече Маџунаров
Особено лозјата треба да се наводнуваат неколку пати особено во сушните месеци како јули и август потенцира Маџунаров, за да може да излезе добро и квалитетно грозје.
,,Баш нај период кога грозјето треба да созрева да расте, тоа е јли и август, треба да се наводува лозјето. Оваа година тие месеци беа критични. Покрај стручноста, секој лозар треба да знае дека без вода немаме ништо. “, додава Маџунаров
Инаку, Маџунаров со децении наназад е познат по лозарството, градинарството, како и по мерењето на водостојот на реката Брегалница. Тој останува еден од важните личности за историајта на штипс и штипско
Иван Митев, М-Нет