
По четврти пат Општина Штип ќе доделува стипендии и еднокартни парични награди на ученици од основните и средни училишта, за ученици кои имаат значајни достигнувања на натпревари на државно и меѓународно ниво. 420 илјади деанри ќе се доделат за стипендии,а 180 илјади денари за еднократна парична награда.
„Право на учество имаат сите ученици кои се редовни, треба да имаат освоено прво, второ или трето место на државни натпревари. Од општите услови кои треба да ги исполнуваат се да бидат жители на Општина Штип и да се редовни ученици. Средставата кои се доделуваат се во износ од 600 илјади денари, од кои 420 илјади денари ќе се доделат за стипенди“ вели Санева.
Согласно успехот на ученикот и според методологијата се определува која од трите стипендии ќе ги добива ученикот. Ако достигнувањатаа се на меѓународно ниво тогаш добива еднократна парична награда.
„Паричните награди се однесуваат на оние ученици кои имаат значајни резултати на меѓународно ниво, додека оние кои постигнале знајчани резултати може да добијат стипендии.
Потребните документи за пополнување може да се најдат на јавниот повик. Пријавувањето може да биде по електронски пат или во писмена форма со достава до Архивата на општината. Крајниот рок за пријавување е до 8 декември.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет