
Кочанскиот Основен Суд ги одби жалбите на ОЈО Кочани, со што двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор.
„Советот при Основен суд Кочани постапувајќи по изјавените жалби од страна на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на претходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство -Куќен притвор, ги одбил, изјавените жалби на ОЈО Кочани против истите и донесените решенија на Судијата на претходна постапка ги потврдил“ – стои во соопштението од Судот.
Советот ги одби жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, потврдувајќи дека осомничените нема да бидат упатени во ефективен затворски притвор, туку ќе останат во домашен притвор.
Оваа одлука следува откако Обвинителството побара построги мерки, сметајќи дека куќниот притвор не обезбедува доволна сигурност за присуството на осомничените во постапката.
Двајцата инспектори од УЈП добија куќен притвор, а уште седумина беа со мерки за препазливост по апсењата поврзани со случајот Пулс.
Лицата се осомничени за „Примање поткуп“, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за „Давање поткуп“.
Во него се посочува и дека шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле „Злоупотреба на службената положба и овластување“. За нив се предложени мерки на претпазливост.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет