
Во три третолигашки региони се познати есенски шампион – Еуромилк ГЛ во Трета лига – Север, Победа Валандово на Истокот и Караорман во Југозапад, останува да се дознаат уште два есенски шампион во Трета лига – Запад и Југ.
Екипата на Еуромилк од Горно Лисиче која е некогашен прволигаш цели кон враќање во Втората лига. Тимот е непоразен на Север со 12 победи и едно реми, импресивен напад со 57 погодоци и седум бодови повеќе во однос на Аеродром кој е втор. Еуромилк има 37 бодови, а пак Аеродром има 30.
Победа Валандово без пораз стана есенски шампион на Истокот, повратникот во Трета лига – Исток оваа есен доминираше со најмладиот тим. Има десет победи и едно реми, а притоа најдобар напад со 33 постигнати погодоци и најдобар одбрана која примила само осум гола односно единствен тим со едноцифрен број на примени погодоци.
Победа Валандово има 28 бодови, а пак Ударник од Пирава е втор со 25 бодови на своето конто, додека пак Овче Поле од Свети Николе е трет со 22 бодови.
Некогашниот второлигаш Караорман од Струга е есенски шампион во Југозапад со 19 бодови на своето конто, стружани имаат 21 постигнат гол и 11 примени, а на второто место е Влазними, клуб исто така од Струга со ист број на бодови, а пак Кравари и Славеј од Мешеишта го делат третото место со по 17 бодови.
Останува уште во два региони да се дознаат есенски шампион. Во Трета лига – Запад битката за есенски шампион ја водат лидерот Камјани кој има 24 бодови, а пак Влазерими е втор со 22 бодови.
Во Трета лига – Југ за тоа кој да биде есенски шампион ќе се води битка меѓу Превалец и ланскиот второлигаш Борец, двете екипи го делат првото место со 25 бодови, а пак Ултрас е трет со 19 бодови.
Шампионите во Трета лига немаат директен влез во Втора лига, туку играат бараж за можен влез во повисок ранг на натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет