
Девет студенти од правниот, економскиот и факултетот за образовани науки при УГД Штип ќе волонтираат во Општина Штип. Во наредните три месеци студентите од четврта година ќе може својата теорија да ја надоградат со пракса, со што ќе се подготват за понатамошно вработување во јавниот или приватен сектор. Проектот е на општината во соработка со УГД Штип и УНДП.
„Во првата фаза од проектот имаме партнерска соработка со УГД Штип, при што соработуваме директно со Правниот, економскиот и факултетот за образовани науки кои ни обезбедуваат десет студенти кои ќе волонтираат во рок од три месеци во Општина Штип. Целта е да обуучиме млад кадар кој е во четврта година од студиите и да го осбособиме да работи во јавниот и приватниот сектор“ – вели Шорова-Ангелова.
Проектот ќе се реализира во наредните три месеци, а младите студенти ќе имаат можност да се стекнат со практични вештини во различни сектори во општината. Тенедендиција е овој проект во иднина да се прошри и да бидат опфатени и техничките факултети.
„На овој начин универзитетот уште еднш ја потврдува својата заложба да покрај теретско модерно знаење им овозможи ан своите студенти проширување на своите теоретски хоризонти со практично искуство и вештини кои ќе им помогнат полесно да најдат работа по завршување на своите студии“ – вели
Ова е еден од проектите кои се заеднички на општината и УНДП, со цел да се развие и во иднина да се понуди и на други општини и други универзитети во државата.
„Проектот трае три месеци, финасиската конструкција не е многу висока затоа што ние предвидуваме студентите во овој временски период да имаат минимален надоместок од 6 000 денари за својата волонтерска пракса. Ќе работат четири часа дневно, три дена неделно“ – додава
Придобивките се огромни и за самите студенти кои од близу се запознааваат со работата и својата теорија ја надоградуваат со пракса.
„Праксата верувам дека е клучна за секој студент особено во овој период кога сме при крај на нашите студии да ја поткрепиме теоријата која знаеме и претпоставувам дека секој од студентите сака да види одблиску како функционира Локалната самоуправа“ – вели Постолова.
Целата е во иднина да се вклучат повеќе факултети и студенти кои ќе бидат дел од проектот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет