Започна судското рочиште за пожарот во Кочани, родителите бараат правда

Обвинети, адвокати, родители и роднини на починатите – започна судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Утринава во судницата во Затворот Идризово на обвинителна клупа седнаа 35 физички и три правни лица, кои се сомничат за тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот. На почетокот на судењето, судиката Диана Груевска Илиевска истакна дека не се гарантира брзина во судењето туку првада.

„Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сѐ, за процесот да се одвива непречено. Не знаеме колку ќе трае, може 5 месеци или 5 години. Барам дисциплина од сите странки. Сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана. Ќе дојдеме до правдата.“ – кажа Груевска Илиевска.

Судот пред почетокот на оваа главна расправа донесе решение за спојување на постапка по две посебни и одобрени обвненија како обвинителни акти. Заедно со 34 обвинети денеска на обвинителна клупа седна и сопственикот на агенцијата за обезбедување.

На судењето беа присутни и родителите и роднините на починатите од пожарот во дискотеката Пулс. Осум месеци по трагедија, бараат правда за нивните деца.

„Ме чуде со која свест и кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат и ќе земаат крвваи пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судско рочиште ќе трае 15 до 20 години. За нас 15 дена или 15 месеци се многу. Поминаа осум месеци и ние родителите се чувствуваме изманипулирани“ – вели родител на починато дете.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се случи на 16 Март 2025 година. Загинаа 63 лица, околу 200 беа повредени, а половина од нив се лекуваа во странство.

Обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка, а денеска во судницата во Идризово беа десетина.

На обинителна клупа седнаа сопственици на локали, управители, тројца градоначалници на Кочани инспектори, членови на обезбедување и државни службеници.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет