Да се истури цела вреќа пипер – пред да се купи, граѓаните револтирани од скапиот, ама и скапаниот пипер

Да се истури цела вреќа пипер – пред да се купи! Граѓаните револтирани од скап, а и скапан пипер. Велат: надвор убав и црвен, а внатре скапано разочарување. Плаќаат по цели 60 денари за килограм, а половина фрлаат во канта. Иако поевтинување има според продавачите, сепак купувачите остануваат со отворена уста пред да купат.

Но, стрвот не се трпи, велат пак земјоделците. Велат иако скап, по малку, сепак граѓаните го купуваат. Потенцираат дека ако цената би му била пониска, нивниот труд ќе отиде бадијала

Во согласност со ситуацијата, граѓаните додаваат дека оваа година ајвар ќе се прави помалку, за разлика од минатите години. Покрај ајвар, и пинџур нема да се прави во поголеми количини.

Иван Митев, М-Нет