
Изворот посветен на Св. Мач Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија и денес повторно собра голем број верници во нас.8 ми ноември во Штип. Свечено со песна и силна молитва, како што доликува на празникот на трите свети девојчиња и нивната мајка – симболи на христијанските вредности што никогаш не избледуваат и годинава достојно одбележат нивниот ден. Светиот извор, кој се смета за благословено место, со години е собиралиште на верниците на овој ден – верувајќи дека токму овде нивните желби се остваруваат.
Со ширум отворени порти и полно срце љубов и гостопримливост, домаќинот Симо Костадинов и оваа година пречека верници од целата држава. Без вкусна манастирска манџа, никого нема да испрати.
Инаку, празникот менува ден, но никогаш датум и секогаш се празнува на 30 септември. Св. Мач Вера, Надеж, Љубов и мајк им Софија и понатаму претставуваат мотив за да верниците се надеваат на подобро утре, ширејќи љубов и верувајќи дека само Господ Бог е нивниот спасител.
Иван Митев, М-Нет