
Добра забава, топла пастрмајлија и многу посетители oчекуваат штипјани од овогодинешнoто издание на Штипска пастрамалијада. Пред камерите на нашата телевизија тие велат, ова не е обичен настан, ова е традиција, која се чека цела година. И годинава, тие со нетрпение ја очекуваат традиционалната манифестација. Иако ќе биде празник на градот, сепак гости од другите градови ќе имаат и тие, како и секоја година.
Дали велешката, кратовската или штипската е најубавата, граѓаните без двоумење едногласни дека штипската. Велат вкусиле од секаде, но штипската е докажана.
Инаку, граѓаните додаваат дека овој настан за штипјани е од особена важнот. Покрај што ќе бидат полни улиците и градот ќе биде вистински центар во истокот, од друга страна и куќите ќе бидат полни гости, па едногласни останаа тие, дека викендов штипјани ќе бидат добри домакини.
Иван Митев, М-Нет