
Месото и млечните производи стануваат луксуз за граѓаните на Штип. Купувањето на сирење или месо се почесто зависи од акциите во маркетите, отколку од реалните потреби на семејствата . Граѓаните велат иако покачени пензии, сепак зголемувањето не се чувствува. Поголем дел од месечните примања одат за сметки, лекови и секојдневни тропици, а на средина на месец многу често џебот е речиси празен.
Младите претежно надвор од државата, а овде постарите копнеат за да ги видат, ама од друга страна среќни барем затоа што таму животот им е подобар.
Инаку, дополнително граѓаните додаваат дека трговците мудруваат со цените во маркетите и секојдневно забележуваат различни цени. Бараат мерки со цел да можат да си дозволат основни работи од маркетите.
Иван Митев, М-Нет