
На 09.09.2025 во 18:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.Т.(56) од село во општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 77-годишна мајка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.