Ѕвездено небо на 16 септември на плоштадот во Штип во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Ѕвездено небо на 16 септември на Градскиот плоштад во Штип во чест на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тогаш ќе се навршат шест месеци од трагичниот ден кога животот го загубија 62 млади животи, меѓу кои и петмина штипјани. Во 20 часот, на плоштадот ќе се палат свеќи како симбол на светлината и сеќавањето што никогаш нема да избледи. Во 20:30, светилките од мобилните телефони ќе се подигнат кон небото, создавајќи импресивно ѕвездено небо – чин на почит и спомен на младите животи, кои Македонија ги загуби на комбниот 16 март. Ова е повик до сите граѓани да се обединат во чест на починатите со цел да испратат порака дека нивната светлина никогаш нема да згасне. Инаку, пожарот кој се случи во дискотетката Пулс во Кочани се случи на 16 март, а од тогаш до денес, родителите и блиските на починатите се борат за нивната правда. Дури 21 седмица тие маршираат низ кочанските улици, а како што велат до крај ќе се борат за нивното праведно решение.

Иван Митев, М-Нет