Македонија слави 34 години независност – Штип со достоинствена прослава

Македонија слави 34 години независност – Штип со достоинствена прослава.

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи и израз на културното богатство, Штип денес достоинствено го одбележа 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

На централниот настан во градот, градоначалникот Иван Јорданов испрати јасна порака:

„Нашата обврска е да го продолжиме долговековниот сон – да ја чуваме и развиваме Македонија.“

Настанот помина во духот на македонската традиција – со изведба на изворни песни, фолклорни настапи и силни патриотски пораки. Граѓаните, претставници на институции и организации, заедно се поклонија пред македонската историја и се обединија во погледот кон иднината.

Силни пораки младите да ја чуваат Македонија и кога е тешко, дирекно од настанот упати и претставникот на македонците од егејскиот дел на Македонија, Стојан Димков.

Ден на независноста на Македонија — државен празник што се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8 Септември и ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Иван Митев, М-Нет