
Македонскиот шампион Шкендија испиша голем историски успех откако се пласираше во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА, со што тимот од Тетово после Вардар е вториот тим од Македонија кој ќе игра во групна фаза во некое европско натпреварување на УЕФА.
Првиот натпревар од групната фаза во Конференциската лига Шкендија го игра против Рајо Ваљекано во Шпанија на 2 октомври, а првиот домашен меч Шкендија го игра против Шелбурн на 23 октомври.
Во битката за бодови и палсман во следната фаза односно обезбедување на европска пролет екипата на Шкендија ќе игра покрај со Рајо Ваљекано и Шелбурн и со Слован Братислава, Јагјелонија, Дрита и АЕК Ларкана.
Првите осум екипи од лигашката фаза ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, а пак екипи кои ќе бидат од 9 до 24 место на табелата ќе играат плеј-оф за осминафинале.
Финалето е закажано за 27 мај 2026 година и ќе се игра во Лајпциг, Германија.
Александар Ванев, М-Нет