ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип годинава одбележува неколку јубилеи, предвидени низа активности

Неколку јубилеи слави оваа година ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Оваа година се слават 100 години од првата опера која во Штип била донесена од страна на Сергеј Михајлов, 50 години од неговата смрт и 140 години од неговото раѓање. По тој повод, се предвидени низа настани и активности со кои ќе се прослават овие јубилеи.

„Во периодот кој следи ние како училиште ќе го прославиме и одбележиме овој значаен наш јубилеј 100 години, но да потсетиме дека пред 50 години Сергеј Михајлов ставил крај на неговиот живот, односно дошол крајот на бавењето со уметноста.. Инаку познат факт е дека тој до последниот ден бил активен во музиката. Исто така е и 140 години од неговото рашање, така да повеќе јубилеи во една година.“ – вели Ќосевски.

Дополнително наредната година музичкото училиште слави нов јубилеј 80 години од своето постоење.

„Догодина исто така ќе биде продолжено сето негово дело бидејќи во 1946 година било формирано музичкто училиште така да наредната година правиме 80 години од постоењето на музичкото училиште.“ – додава Ќосевски.

ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип секоја година организира разни активности, концерти и настапи на учениците, меѓународни натпревари и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет