Третолигашот Брегалница во Делчево ќе одигра меѓународен пријателски меч со Граничар Логодаж

ФОТО: ФК Брегалница 1926 Делчево

Македонскиот фудбалски третолигаш Брегалница од Делчево ќе одигра меѓународен пријателски натпревар против екипата на бугарскиот Граничар Логодаж.

Овој пријателски меч ќе се одигра на Градскиот стадион во Делчево, а истиот е закажан за утре, недела со почеток од 16:00 часот.

Овој меѓународен пријателски меч ќе послужи за проверка на формата пред почетокот на новата сезона за третолигашот од Делчево, а новата сезона во Трета лига – Исток ќе започне на 7 септември со натпреварите од првото воведно коло.

Новата сезона екипата на Брегалница Делчево ја отвара против екипата на Ударник во Пирава.

Александар Ванев, М-Нет