
Утре на прволигашката програма ќе бидат два натпревари, а на кои три екипи ќе бараат прво сезонско славје.
На стадионот во Ѓорче ќе се соочат повратникот Македонија ЃП и Пелистер од Битола. „Лавовите“ не тргнаа според планот и имаат три порази од три натпревари, па веќе доаѓа притисок за позитивен резултат, за први бодови, но и за прв триумф.
Пелистер од друга страна влезе во победички ритам со две победи во низа и во победнички ритам ќе сака да триумфира и против „лавовите“.
Традицијата вели дека треба да има најмалку два погодоци, а ако и се верува на истата во Ѓорче секогаш имало погодоци кога играле овие две екипи.
Прво сезонско славје ќе се бара и во Кавадарци, каде ќе се соочат Тиквеш и Брера Струмица – две екипи кои во првите три кола немаат триумф. Двете екипи имаат по два порази и едно реми и еден освоен бод.
Тиквеш ќе има предност поради домашниот терен и поддршката од домашната публика, а пак Брера Струмица после големото реми и освоениот бод со Вардар ќе има силен мотив да оди по целиот „плен“ во Кавадарци.
Двата натпревари ќе започнат во 16:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет