Првата лига започнува со „вечното“ дерби меѓу Вардар и Пелистер, шампионот Шкендија отвара против Шкупи

Фудбалската федерација на Македонија денес ја извлече ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а со што е познат и распоредот за новата сезона.

Ждрепката посака во првото коло да се одигра „вечното“ дерби меѓу Вардар и Пелистер, а пак во првото коло шампионот Шкендија одбраната на титулата ја стартува против Шкупи.

Дебитантот Арсими ќе игра со Башкими, тоа ќе биде дерби на двата лански второлигаши, Тиквеш ќе игра дома со Работнички, Струга Трим Лум ќе го пречека повратникот Македонија ЃП, а пак Силекс ќе ја пречека Брера.

Од Првата лига испаѓаат последни три екипи, а пак екипите на деветтото и осмото место ќе играат бараж за опстанок.

Од сезона 2026/2027 Првата лига ќе брои десет екипи, односно ќе биде стратена од 12 на десет екипи.

Александар Ванев, М-Нет