
Денес беа извлечени и паровите за првата фаза од Купот на Македонија од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Актуелниот освојувач Вардар со неколку прволигаши ќе стартува од второто коло.
Третолигашот Башкими Јаболчиште ќе игра со Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново против Каменица Саса, Беласица оди на мегдан со Арсими, четвртолигашот Јени Маале против тетовска Шкендија, третолигашот Карбинци со Работнички, третолигашот Евротип со Силекс, третолигашот Победа од Валандово со штипска Брегалница, Тетекс против Пелистер, Охрид со Брера, Љуботен со Македонија ЃП, Скопје со Тиквеш, Кожуф со Шкупи, Победа со Башкими, Пчиња е слободна и оди директно во следната фаза.
Првата рунда во Купот на Македонија ќе се игра со еден натпревар, доколку нема победник во регуларниот дел директно ќе се изведуваат пенали.
Александар Ванев, М-Нет