
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига екипата на Арсими претстави ново засилување во нападот, се работи за Сикиру Оканлавон Олатунбосун.
Напаѓачот од Нигерија треба да донесе квалитет во тимот од Чегране. Новото засилување на Арсими кариерата ја започнал во родната Нигерија, а има настапувано и за екипи од Т урција и Египет.
27-годишникот во македонскиот шампионт настапуваше за Воска Спорт.
Екипата на Струга Трим Лум одигра пријателски меч со албанска Вора кој го доби со 5:3.
Вкупно осум погодоци беа постигнати, а гостинот од Албанија имаше два гола предност од 0:2, но до крајот на првиот дел стружани израмнија на 2:2.
Во вториот дел екипата на Струга дојде до предност од 3:2, а потоа Вора израмни на 3:3. До крајот на мечот екипата на Струга Трим Лум дојде до конечните 5:3.
За екипата на Струга стрелци беа Воша и Риза со по два гола, а еден гол постигна Кочоски.
Александар Ванев, М-Нет