ПРИЈАТЕЛСКИ: Башкими ремизираше со Фероникели, Арсими со „петарда“ за Тетекс

Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари за новата сезона.

Новиот прволигаш Башкими играше меѓународен пријателски меч со екипата на Фероникели од Косово кој заврши без победник со по еден гол на двете страни за 1:1.

Стрелец на единствениот гол за кумановскиот тим беше Недим Хаџиќ.

Пријателски меч играше и екипата на Арсими, која за првпат ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, а дебитантот во елитата со убедливи 5:0 славеше против повратникот во Втората лига, екипата на Тетекс.

Стрелци на погодоците за Арсими беа Таипи со два гола и Игњатов, Олатунбосун и Асани.

Во следните денови македонските прволигаши и второлигаши започнуваат со интензивни пријателски натпревари, па речиси секој ден ќе има по некоја контролка.

Новата сезона во Првата лига започнува на 8 август, а пак Втората лига на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет