На 12 септември под рефлектори во Штип ќе се одигра натпревар меѓу ветераните на Брегалница и Црвена Звезда

На 12 септември годинава на Градскиот стадион во Штип под рефлектори, ќе се одигра натпревар меѓу ветераните на Брегалница и Црвена Звезда, а со кој натпревар ќе се одбележи повеќе од 100 години постоење на штипскиот фудбалски клуб.

Овој голем настан го најави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прва прес-конференција која ја беше организирана, на која беше претставен новиот сопственик на клубот.

„На 12 септември на градскиот стадион во попладневните, вечерните часови, под рефлектори ќе се одржи еден спектаклуларен натпревар помеѓу ветераните на Црвена Звезда и ветераните на Брегалница. Натпревар којшто практично ќе одбележи и официјално повеќе од 100 години постоење на ФК Брегалница, со тоа што целата фудбалска јавност на Балканот ќе биде сместена во нашиот град одбележувајќи една нова етапа, едно ново поглавје за фудбалот во Штип, за ФК Брегалница. Еве една убава вест која што верувам дека ќе ги мотивира и поттикне новиот стручен штаб, фудбалерите да ја вратат Брегалница на правата траектироија на правите патеки, кон нижење на спортски и фудбалски успеси и брзо враќање во Првата лига“, рече Јорданов.

Брегалница со новиот инвеститор ќе гради тим со кој ќе се враќа во фудбалската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет