
Владата ќе откупува пченица и ориз за стокови резерви по цена од 13 денари. Во вчерашната владина седница донесен е закон за откуп на пченица за формирање на стокови резерви. Законската регулатива овозможува на земјоделците да аплицираат за продажба на пченица во количини од минимум 5 тона, до максимум 30 тона, со цена од 13 денари по килограм.
Потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, истакна дека за неколку дена ќе биде објавен огласот, каде земјоделците ќе можат да се пријават за откуп. Ова е првпат земјоделците да имаат можност да ја продадат својата пченица директно на државата по гарантирана цена, со цел да се стабилизираат стоковите резерви на државата.
,,Во вчерашниот ден а седница на влада се донесе закон за да се откупува пченицата за стокови резерви. Секој земјоделец ќе може да аплицира, за неколку дена ќе излезе оглас од платежната агенција за да аплицираат и да можат да продадат од минимум 5 тона до максимум 30 тона пченица, а цената ќе биде 13 денари.“, рече Серафимов
Ова е прва година, преходните години немаа законска основа, истакна Серафимов, а имаше можност само за увоз, додава тој.
Како што потенцираше Серафимов, со ваквите новитети, ќе можат да се мотивираат не само постарите, туку и помладите земјоделците, да имаатм можност за добра заработка од оваа гранка.
Иван Митев, М-Нет