
Дури 1293 патни прекршоци се регистрирани за само два дена во засилените сообраќајни контроли низ земјава, најмногу за неправилно паркирање, објави Министерството за внатрешни работи. Во текот на 21. и 22. јули, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи изрекоа бројни санкции по основ на различни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Според извештајот, најмногу прекршоци биле поврзани со неправилно паркирање (340 санкции) и неприлагодена брзина на движење (305 санкции). Дополнително, 97 возачи се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Сериозен проблем претставуваат и возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, со 11 случаи на отстранување од сообраќај поради прекумерна алкохолизираност. 47 санкции има за некористење појас, додека 49 лица се санкционира за користење мобилен телефон при управување возило.Исто така 85 лица биле санкционира за неносење заштитен шлем. Покрај возачи, полицијата казнувала и пешачи, дури 18 за минување на црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуват сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе се придонесе за побезбедни патишта.
Иван Митев, М-Нет