
Започнуваат активностите за реконструкција на подрачното основно училиште Страшо Пинџур во село Радање. Проектот вреден 4,5 милиони денари, пари обезбедени од министерството за локална самоуправа и Општина Карбинци. Како што исткана градоначалникот Виктор Паунов, реконструкцијата се очекува да биде завршена до септември, а доколу има промени, учениците ќе имаат редовна настава во централното училиште во општината, се додека не се завшри самата реконструкција.
,,Се работи за целосна реконструкција на зградата на подрачното основно училиште во село Радање. Проектот е важен за нас, затоа што позади нас згрдата е стара верувале или не речиси еден век, односно датира од 1934 година, скору без малку 100 години. Овој објект и во вакви услови до овој момент учениците посетуваа настава, наставниот кадар работеше во вкави услови. Се работи за проект, кој што е целосно обезбеден како техничка документација од страна на Општина Карбинци, а заеднички со министерството за локална самоуправа, преку програмата за диспаритети обезбедивме 4,5 милиони денари, или 50 проценти од вкупниот износ на овој проект. Остатокот од 50 проценти ќе биде од сопствено учество на Општина Карбинци. Од денеска започнуваат активностите и очекувам во спетемвреи месец да бидат спремни училниците. Доколку се случи да не стигне изградбата, учениците ќе ја посетуваат наставата во централното улчилиште во општината.“, рече Паунов
Министерот за локална самоушрава Златко Перински од таму потенцираше дека оваа реконструкција ќе биде исклучително важна за учениците. Рече дека ќе се овозможи соодветни и модерни простории.
,,Повеќе од 90 тина година не е ништо инвестирано. Навистина ќе бидат значајни овие интервенции кои што ќе се направат во овој објект, а на 70 сетина дечиња ќе им овозможиме навистина соодветни и модерни услови. Ова е само потврда дека владата инвестира секаде и рамномерно.“, истакна Перински
Како што истакна градоначалникот Виктор Паунов, оваа реконструкција се очекува да биде завршена до септември, а околу 70 сетина учениците ќе ја започнат новата учебна година во нови и модерни училници.
Иван Митев, М-Нет