
Пеколен топлотен бран во Македонија , температури ќе достигнат до 42°C. Од денеска, Македонија ќе биде под силно влијание на топла воздушна маса, која ќе донесе екстремни температури во текот на целата недела. Според најновите прогнози на синоптичарите, термометрите ќе покажат вредности од 36°C до 42°C. Топлотниот бран продолжува да влијае на земјата, со високи температури кои се далеку над просекот за месец јули. Времето ќе биде стабилно и сушно, граѓаните се повикуваат на внимание и заштита од сонце.
,,Целата оваа недела, заклучно со сабота ќе бидеме под влијание на оваа многу топла воздушна маса, така што и температурите ќе бидат доста високи, високо над просекот, далеку значли над просекот во месецот јули. Денеска очекуваме максимални температури во интервал до 36 до 42 степена. Во Штип и околината исто до 40 степени. Значи топло време , нема значителни промени.“, рече Ризова
Услови на локален дожд се очекува во недела, рече Ризова, а со тоа ќе опаднат и дневните температури, додава таа.
Инаку, иденксот на квалитетот на воздухот денеска изнесува 32 просечно, што значи дека Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.
Иван Митев, М-Нет