Високите температури ги стопираа активностите на штипските пензионери, дружбата продолжува од септември

Високите температури ги стопираа активностите на штипските пензионери, дружбата продолжува кога температурите ќе се стабилизраат. Трајче Зејтеников, благајник на здружението на пензионери, во изјавата за нашата телевизија, истакна дека високиот температурен удар ги стопира активностите на членовите. Засега, тие ќе ги задржат своите активности во мирување, додека времето не стане поповолно за нови настапи и забава. Тие остануваат подготвени и нетрпеливи за следниот момент на дружба и креативност, кога времето ќе дозволи.

,,Моментално бидејќи температурата е висока, правиме моментално пауза, а активности ќе има понатаму, во завиност од поканите кои што ги добиваме. Соработуваме од секогаш со сите здруженија, така што си одиме на настани. Имаме играорци, постојано вежбаат, имаме и пеачка група, пензионерките пејат.“, рече Зејтеников

Меѓутоа, пензионерите до сега имаат осовено и бројни награди, како во државата, така и надвор од неа.

Инаку, пензионерите од Штип продолжуваат да покажуваат голема посветеност и љубов кон традицијата и културата, кои ги негуваат со голема страст и ентузијазам. И покрај паузата поради високите температури, нивната креативност и дух не се гаснат. Спремни да продолжат со активностите кога ќе се стабилизира времето, тие остануваат горди на своите достигнувања и награди.

Иван Митев, М-Нет